20
сеп
2014
Американски палачинки (солени и благи)
Сите состојки за тестото се мешаат заедно со миксер. Со лажица од смесата истураме во тава за палачинки со дијаметар од 10 см. Печиме од двете страни да добие убава боја.
Чоколадото го топиме заедно со медот и млекото. Оревите ги сецкаме.
Павлаката и сирењето ги мешаме со вилушка, а потоа додаваме сецкани маслини, домати и оригано. Кога ги сервираме на секоја палачинка ставаме по малку од солениот или од благиот фил и ги редиме една врз друга.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови