Предизвик ми беше од порано тортата и ете дојде ред да ја направам.
1. Во длабок сад се матат јајцата постепено додавајќи го шеќерот и ванилата. Потоа се додава ренданата кора од лимон врелата вода и брашното просеано и измешано со нишестето, солта, какаото и пецивото.
2. На хартија А4 ќе се нацртаат бројки и се ставаат на големиот плех од шпорет, а врз него се става хартија за печење и се поминува со шприц од тестото. Се печи на 180С-12 мин. Се повторува постапката уште еднаш за уште два броја. Значи вкупно ова тесто е за две тројки и две нули. Количината е доволна за двоцифрен број по 2 реда.
3. Фил-Се матат жолчките заедно со нишестето и ванилата и се додава околу 150мл млеко одземено од 750мл млеко. Се вари млекото со шеќерот додека се растопи и се варат жолчките како пудинг. Се оладува. Се миксира и се додава изматениот путер и изматениот шлаг со киселата вода. Сето заедно се мати со филот да се добие воздушен мек и лесен фил.
4. Постапка - Се земаат бројките и се става од филот со шприц.Над филот се ставаат малинки или било кое овошје. Врз него се става другата кора па пак од филот и се декорира со цветови, топчиња, мачмалоу, крекери Армониа.....Вкусна лесна и интересна. Пак ќе ја правам.