Баклава со кикиритки и вишни
1. Бисквитите кикиритките сусамот, шеќерот, ванилата и ренданото чоколадо се промешува се заедно се меша и со него се прскаат корите и со по 1 лажица масло за јадење
2. На секоја кора се прска масло за јадење и по 3 лажици од сувиот фил. На секоја кора се попрскува сечкани ореви.
3. Кога ќе дојдеме на пола од корите, се става филот од кисело млеко, вишни, јајца, гриз и малку шеќер, па две кори една врз друга попрскани и со малку масло за јадење и потоа се попрскува пак со сечкани ореви и пак се продолжува со попрскување на останатата половина од корите со масло за јадење и сувиот фил од кикиритки.
4. Пред печење се порскува со стопен маргарин и се сече на коцки. Откако ќе се испече се досекува
5. Откако ќе се наредат во тава попрскано со малку масло за јадење, се полеваат ролатчињата со растопениот маргарин и се ставаат да се печат околу 20 мин на т од 180 С
Лиценца: Сите права се задржани