„Утнати“ кифлички
Квасецот се раствора во водата, се додаваат 3-4 лажици брашно и се остава да стаса. Брашното се просејува и во него се додава солта, квасецот, маслото и млекото. Се замесува тесто. Тестото е тамам кога не се лепи на рака и по ѕидовите на садот во кој се меси. Подобро е помеко да се замеси па да се додаде брашно отколку обратно.
На страна се мати жолчката од јајцето и се додава урдата. Белката се трга на страна.
Е од овде е утката на рецептот...
Мислев ако го ставам тестото во рерна малку загреана ќе надојде побрзо, ама не надојде... само се исуши и среќа не се стопи пластиката во која го стасував тестото-
Си реков нема каде,нема време, нема продавница, идат гости.. Го поделив на 4 дела, секој го расукав и го намачкав со путер- ама го намачкав издашно! И го оставив на масата. Додека ја расукав и намачкав последната топка на површината на правата се јавија балончиња, па почнав да сукам.... нема назад
Исуканата форма се дели на 8 триаголници и се нанесува по малку фил. Се формираат кифличките и се ставаат на тава за печење.
Откако ќе се наполни тавата- се редат на растојание од 1 прст- се мачкаат- во мојот случај со белката која остана и по желба се посипуваат со сусам, ким, пипер....
Одозгора, врз секоја кифличка се става мало парченце путер.
И се печат.
Едвај издржав дур се испекоа, бели беа цело време, си реков од белката е, па ја зголемив рерната на 250 па заруменеа некако. Мислев дека нема да се вкусни ама излегоа ептеен меки, а дури и следниот ден беа меки.
Проблем беше што мислев дека го памтам рецептот на памет, ама не било така... сепак не е се изгубено ако промашиш рецепт
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови