Имав оваа година повеќе киви, доколку имате и вие, кога ќе ги нема свежи, а да ги сочувате за понатамошна употреба, освен што ќе направите слатко, направете и џем од киви. Припремата му е сосема лесна и кратко трае.

1. Излупете ги кивите, измијте и насецкајте на коцки, ставете ги во садот во кој ке го спремате џемот и оставете нека крчка на тивок оган околу 10 мин. да пушти доволна колиличина од сопствениот сок.
2. Желинот помешајте го со 2 лажици шеќер, додајте во кивите и варете бркајки ги и тоа 2 мин, откако ќе зоврие, по што го додавате остатокот од шеќерот. Оставете нека се вари уште 2 мин.
3. Топол џемот собирајте го во топли тегли.

Тоа е тоа!
Кратко и јасно, лесна подготовка.

Забелешка
- Велам дека треба да ги варите на сосема тивок оган заради нивниот конечен изглед, самиот квалитет на џемот, а истовремено тие сосема го испуштаат својот сок, доколку ги варите на појак оган, го немате тој резултат.
- Служете го самостално за доручек или во некој десерт.
На здравје да ви е!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани