Прво кајсиите ги миеме, ги чистиме од семките и ги сечеме на помали парчиња. Ги редиме во шерпата во која ќе го вариме џемот. Врз нив го ставаме шеќерот фруктоза, лимонтусот и ванилите. Ги оставаме кајсиите да отстојат вака 3 часа.
Пред да почнеме со варење на џемот со рачен блендер на кратко поминуваме низ кајсиите.
Го ставаме џемот на најјако да се вари 15 минути постојано мешајки. После ја намалуваме температурата и го вариме уште 20 минути отприлика. Готов е кога мешајки ќе го гледаме дното на шерпата или кога ,,лажицата почнува да прави пат,,.
Џемот го собираме во топли и стерилни тегли (јас измиените чисти и суви тегли ги ставам една минута во микробрановата печка ).
Теглите затворени се замотуваат во чаршав и се оставаат да се оладат вака замотани 24 часа.
Џемот може да се прави и со обичен шеќер, но вака е диетално и здраво.