1. Кромидот и лукот ги чистиме. Ги ставаме во сецко да се иситнат.
2. Во длабок сад го ставаме меленото месо. Ги додаваме иситнетиот кромид и лук, јајцето, магдоносот и зачините. Мешаме да се соединат состојките.
3. Од смесата формираме ќофтиња, ги редиме во Air fryer- от. Печеме на 180 степени 15-20 минути. Ќе ги проверите од време на време, зависно од тоа колку попечени ги сакате ќе го прилагодите времето на печење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани