Јафа ролат
Предлог од мене за превкусен , декоративен, непечен ролат за празниците.
1. Во мало тенџере на оган ги ставаме да се соединат путерот, чоколадото, шеќерот. Кога смесата е изедначена тргаме од оган. Додаваме сок од портокал и промешуваме.
2. Ги додаваме сецканите јафа кекси и сецканите ореви. Промешуваме убаво. Оставаме смесата да се подизлади. Потоа врз фолија ја нанесуваме смесата, формираме ролат и го завиткуваме во фолијата, па го оставаме во фрижидер 1 час. Го вадиме ролатот од фолијата, го покриваме со растопено чокоалдо. Рендаме врз него нежно кора од портокал. Сечеме на парчиња.
3. За декорација подготвуваме гнездо од растопен шеќер. На многу тивок оган растопуваме 50 гр шеќер да се карамелизира. Потоа земаме неупотребуван, чист чешел, кој брзински го потопуваме со врвовите во шеќерот и пренесуваме од шеќерот врз парче хартија за печење. Правиме шари.
Се стега многу брзо, па со рацете ги собираме конците и формираме гнездо.
Сервираме и послужуваме
Лиценца: Сите права се задржани