Оваа кремаста торта настана сосема случајно. Ја комбинирав со состојки по наш вкус, и на крај можам да кажам дека испадна превкусна и сочна, буквално се топи во уста. Ја направив за мојата ќерка Симона ❤❤ за нејзиното име (16.02).

Подготовка

1. Во еден сад ги ставаме пудинзите, ванилите и шеќерот, додаваме дел од млекото, за да се растворат добро. Останатиот дел од млекото го ставаме во тенџере на оган да зоврие, па ја додаваме смесата со пудинзите. Се вари пудингот на класичен начин до негово згуснување (се добива погуст крем, бидејќи користиме помалку млеко од наведената количина на пакувањето на пудингот).
2. Сварениот пудинг го префрламе во друг сад, покриваме со стреч фолија, за да не фати кора и оставаме да се излади потполно. Откако ќе излади го миксираме.
3. Посебно го миксираме пенасто путерот и го додаваме изладениот миксиран пудинг, лажица по лажица, до добивање на хомогена структура.
4. Овој крем се дели на 3 исти дела. Во првиот ги додаваме мелените плазма бисквити, соединети со какаото, во вториот дел ги додаваме сецканите јафа ресани и во третиот дел ги додаваме мелените ореви.
5. Смесите ги редиме една по друга, редоследно, во округол калап број 26 со обрач кој се вади (или број 24 за повисока торта) и тортата ја оставаме во фрижидер од вечер.
6. Следниот ден премачкуваме со шлаг крем, декорираме по желба, рендаме чоколадо и ставаме неколку половинки од јафа ресаните.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани