Јафа кекс
Печиме две паниспањи и тоа една жолта и една црна.
Започнуваме со жолтата паниспања
3 јајца,13 лажици масло,13лажци млеко,13 лажици шеќер, 1 пециво,13 лажици брашно.
Ја печиме во тркалезно тавче со хартија околку 25 мин. на 180 степени.
Истата постапка ја правиме и за црната паниспања со ист број на состојки како и за жолтата само што додаваме плус и 2 лажици какао.
Кога и неа ќе ја испечиме ја оставаме малку да се излади, ја киниме на парчиња, го рендаме замрзнатиот портокал и ја натураме со претходно сварениот шербет од 100гр.шеќер, 100мл.вода и плус мармаладот. Вака добиената смеса ја ставаме над жолтата паниспања и мачкаме со растопеното чоколадо. Најгоре рендаме уште малку чоколадо и спремна е за дегустирање.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови