Јаболко-цимет палачинки со овесни снегулки
Повторно преубав есенски десерт. Ја сакам есента со нејзините плодови. Спремив палачинки кои премногу ми се допаднаа.
Подготовка:
1. Јајцата со малку сол проматете ги, па постепено додавајте го шеќерот. Додајте го маслото и млекото, а потоа полека додавајте ги сувите состојки.
2. Јаболкото изрендајте го на најситно или ставете ги во сецкото со овесните снегулки. Соединете се во една убава хомогена смеса. Ако печете на тавче за палачинки, намастете го. Јас правев на апаратот за палачинки.
3. Земав по една лажица и ставав на апаратот. Печев убаво од двете страни. Прекрасен мирис се рашири низ просторијата. Циметот, ванилата, јаболкото... преубав состав.
4. Топлите палачинки ги прелеав со јаворов сируп, а за љубителите на многу благо во мојот дом и додадов и малку слатко од грозје. По вкус наросете шеќер во прав и насладете се на оваа убавина.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови