Постапка
Најпрво пригответе го филот
- Одвојте од вкупната количина од млекото - околу 100 мл., а остатокот заедно со шеќерот ставете во тенџере да се загрева на потивок оган. Јајцата и 1 ванила со маталка лесно разматете ги додавајки од млекото, потоа додадете го густинот и добро изработете да нема грутчиња и да е еднолична смесата. Ставете во веќе загреаното млеко да се заедно вари исто како што се вари пудингот. Можете слободно ова да го направите со додавање на пудинг од ванила ако не сакате да биде тоа густинот, тргнете од огнот да се лади и покријте со стеч фолија да не фати кора одозгора.
Основата
- Исчистете ги јаболката и исечете на потенки парчиња.
- Со миксер пенесто изработете ги јајцата и шеќерот, додадете го млекото, измешајте, додадете го брашното во кое веќе сте го измешале пецивото.. Разбркајте, додадете ги сечените јаболка, разбркајте и истурете во плекче кое сте го подмачкале или сте ставила хартија за печење.
- Во кеса или шприц ставете го оладениот фил, па врз колачот истиснувајте линии одозгора формирајки ромбови. Бидејки фил е пове, слободно врз секоја лента повторувајте се додека не го потрошите .Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени.
Не знам да ви кажам точно временски колку вие да печете бидејки рерните се разликуваат, јас печев околу 40 минути.
- Овој колач треба да е потенок затоа не се мислете многу околу големината на модлата во која ќе печете. Јас го правев користејки половина од состојките, ако го правев по вака напишаниот рецепт ќе го печам во модла бр.38 и ич нема да се мислам да биде и во 40. Ако го печете во помало плекче нема тестото да се испече онака како што очекуваме бидејки тоа не го дозволуваат јаболката и оној фил кој го ставаме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани