Јаболков колач со бадеми
Убав колач кој што ние го користиме и како појадок со млеко или чај.
За негова погдотовка добро е да се добро измијат јаболките и да отстојат во лимонов сок или сода бикарбона.
Потоа добро се плакнати се сечат на парчиња.
Тавата во која ќе го печеме колачот ја попрскуваме со шеќер, а потоа ги редиме
парчињата јаболко.
Гледајте да целиот плех биде со јаболка пополнет.
Потоа попрскуваме цимет со шеќер.
Рерната ја вклучуваме нека биде топла додека работиме.
На страна матиме 5 јајца со 5 лажици шеќер и кога ќе биде убаво, густо, пенесто изматено ги додаваме постепено бадемите и брашното кое е помешано со пецивото и ванилата. Миксерот го исклучуваме додека мешаме со шпатула.
Готовата смеса ја полеваме врз јаболката и ја израмнуваме да навлезе секаде исто.
Печеме во загреана рерна на 180 степени.
Колачот го печеме малку подолго, бидејки јаболките си пуштаат сок.
Готовиот колач го вадиме од рерна и оставаме да излади.
Превртуваме да дојдат јаболките од горната страна и кога е ладно наросуваме со шеќер во прав.
Јас попрскав и мешавина од цимет шеќер.
На здравје со овој вкусен десерт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Pakovka...koga ke procitam odma znam deka e tvoj receptot haha
Lajce...na elicka.....
Paketce...moj
Zabrkate...na Lile
I taka site nie si imame po nekoe zborce koe e nasa slika ovde.
Ubavo vo sekoj slucaj,simpaticno
Fala ti mila Kate