Подготовката е многу лесна, нема потреба ниту од миксер.
- Јаболката излупете ги исецкајте на помали коцки и покапете со сок од лимон за да не потемнат.
- Во сад ставете ги сите состојки освен јаболката, со лажица измешајте, додадете ги сецканите јаболка, измешајте, излијте во со хартија покриена модла, ставете да се пече на 180 степени претходно загреана рерна околу 45 мин.
Нека се олади, посипете со шеќер во прав - сечете коцки.
Напомена
- Немав ореви, ставив мелени бадеми. Ако имав ореви сигурно дека ќе ставев и малку сецкани. Јас го сакам овој колач баш со повеќе цимет, но ставив помалку поради остатокот од дегустаторите кои не го сакаат многу циметот и покрај мојата упорност, ако ставев повеќе цимет и да имав ореви, ќе добиев потемна боја.
Овој колач стои во нотесот во групата на Есенска стабилизација.... ,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани