Штрудла со чај од камилица (посно)
Начин на подготовка
1. Во подлабок сад за месење, ставете ги сувите состојки за тесто. Додајте го и маслото и со топлиот чај од камилица замесете средно меко тесто. Покријте го и оставете го 40-тина мин да нарасне.
2. Додека тестото кисне, припремете го филот. Сомелете ги ситно бисквитите и оревите. Додајте го ванилиниот шеќер и мармаладот од кајсии. Постепено додавајте од преостанатиот чај од камилица додека да добиете густа кремаста стриктура. Количината на чај може да варира во зависност од тоа колку е густ мармаладот и колку *примаат* бисквитите.
3. Нараснатото тесто поделете го на два еднакви дела. Од секое топче тесто, расукајте кора со дебелина од 5 мм. Рамномерно врз кората нанесете половина од подготвениот фил. Замотајте ја кората во ролат. Повторете ја истата постапка и со останатата половина од тестото. Оставете ги штрудлите да нараснат 30 мин. Пред печење премачкајте ги со масло и печете во загреана рерна на 180 степени, 30 мин. Откако ќе се испечат повторно премачкајте ги со масло.
4. Оставете малку да се изладат и сечете парчиња со дебелина по желба. На крај наросете шеќер во прав
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови