Солени коцки со кисела павлака
Во вангличка ги ставаме јајцата, солта, биберот,
Матиме со миксер додека не побели смесата.
Со исклучен миксер ги додаваме маслото, млекото и киселата павлака.
Соединуваме убаво со жица, за смесата да биде изедначена.
Сега ги додаваме сецканото сирење, сецканиот морков и сецканата блитва (на која сме ги одстраниле белите делови)
Убаво промешуваме, па додаваме брашно и пециво.
Изедначената смеса ја истураме во набрашнет и намастен правоаголен плех.
Одозгора посипуваме сусам и лен.
Печиме во загреана рерна околу 35 минути на 180 с.
Оставаме солениот колач на решетка да се излади, па го сечиме на коцки и послужуваме
Овие солени кекси кои се подготвуваат со кисела павлака или јогурт се исклучиво кревки.
Лиценца: Сите права се задржани