Шарена путер погача
Мека, шарена погача, многу едноставна за подготовка.
1. Во млакото млеко растворете го квасецот со лажичката шеќер и малку брашно. Оставете да се активира.
Во садот во кој ќе месите скршете го јајцето, додадете го млакиот јогурт и активвираниот квасец. Промешајте па постепено додадете го брашното и солта. Замесете меко не лепливо тесто.
2. Тестото се работи веднаш. Поделете го на 2 еднакви дела, а секој дел поделете го на 6-7 топчиња. Со сукало малку развлечете во мали корички и наредете ги една преку друга, помеѓу премачкувајте со омекнат путер. Направете 2 купчиња со корички. Јас во едниот дел од тестото ставив и малку црвен пипер за да се прошара, но не мора.
3. Спанаќот исецкајте го, посолете малку и оставете да пушти течност. Прецедете, додадете го сирењето издробено и промешајте убаво да се соедини смесата.
4. Земете го првото купче, развлечете кора со дебелина 3-4мм, убаво распоредете го спанаќот и завиткајте во ролат.
Развлечете ја и другата кора, премачкајте со ајварот и исто завиткајте ролат. Не ставајте многу ајвар за да не ви претекува и да го навлажни многу тестото.
5. Садов во кој ќе печете убаво намрсете го со путер. Ролатите пресечете ги на еднакви парчиња и редете наизмечнично (како на сликите).
Покријте го садот и оставете го на топло да стасува околу 1ипол до 2 часа. Јас најчесто го ставам на парно, покривам со крпа и се убрзува постапката =))).
Тестото убаво нараснува, па не ги притискајте многу парчињата едно до друго. Јас сакам повисоки погачи, печев во тенџере и испадна солидна висина.
6. Пред да ставите да се пече, премачкајте со изматено јајце и наросете сусам (или др. семиња по желба).
Се пече во претходно загреана рерна на 250С, 25-30мин. Времето на печење зависи како ќе ја наредите и во што ќе печете.
Оставете убаво да се излади па послужете.
Пријатен апетит =)
*Ова ми е едно од омилените теста, меко, лесно за работа, а и се работи веднаш, па додека стасува може слободно да си работите нешто друго.
Лиценца: Сите права се задржани