21
јан
2021
Чорба од пилешки грбови
1. Во сад на оган во посолена вода ги вариме пилешките грбови. Варените грбови ги чистиме и им вадиме се што е месо.
2. Зеленчукот го миеме и го сецкаме на коцки. Во тенџере на оган го запржуваме зеленчукот во малку масло. Ги додаваме парчињата месо. Зачинуваме со мешан сув зачин, па полеваме од водата во која се вареа грбовите. Додаваме ловоров лист. Оставаме да се повари кратко зеленчукот.
3. Ја тргаме чорбата од оган. По вкус додадете си една лажица павлака за готвење. Јас не ставив овој пат.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Odamna nemam napraveno so grbovi, bas e vkusno.