Подготовка на чорбата
Потопете ги сувите вргањи во топла вода и оставете ги да омекнат. За тоа време на 1 лажица путер издинстајте го сецканиот кромид, па додадете го лукот и исецканите шампињони.
Кога ќе омекнат, додате го вргањот заедно со водата, сечениот компир на коцки и вода (или супа ) колку што е доволно да ги покрие состојките.
Варете на тивко додека не омекне компирот. Потоа испасирајте ја чорбата, додадете ја павлаката, сол, бибер и дополнително вода во зависност колку густа чорба сакате. Нека проврие чорбата уште малку и готова е. Послужете ја посипана со масло со тартуф кој ќе и даде преубава арома и потпечени брускети.

За подготовка на брускетите
На малку путер издинстајте го кромидот исечен на ребренца. Кога ќе биде мек, додадете му го виното, нека испари па зачинете по вкус. Ставете го готовиот кромид врз брускетите, посипете со рендан кашкавал и потпечете во рерна додека кашкавалот не се растопи. Послужете ги брускетите топли со чорбата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови