Преубава лесна чорба.
Во сад на оган ставаме да се вари зеленчукот.
Кога е варен го пасираме.
Во друг сад ја ставаме леќата да зоврие и штом почне да врие го додаваме пасираниот зеленчук.
Додаваме ловор лист.
Зачинете со сол, црвен пипер и црн бибер.
Нека проврие убаво.
Во чаша разматете една средно полна лажица брашно со вода и истурете ја во чорбата.
Оставете на оган уште кратко, па сервирајте во чиничиња.
Нека ви е слатко со оваа прекрасна чорба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови