1. На пареа се топи чоколадото со маслото, се трга на страна, се додава медот и се меша да се изедначи смесата.
2. Во силиконски форми на срце (јас користев 4 парчиња), се става по 1 лажица од стопеното чоколадо.
3. Потоа во секое срце се ставаат по 2 лажици од Натура муслите со тропско овошје, и срцата се дополнуваат со останатиот дел од чоколадото.
4. Срцата се ставаат во ладилник да се стегнат онолку време за да можат убаво да се извадат од силиконските калапчиња.

Формата на сите срца не е баш идеална, малку е рустична, оти не можевме да дочекаме одма да се пробаат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани