Подготовка
Чоколадните торти се неизбежен дел од нашето секојдневие. Тие се десерт кој го имаме дома речиси секој ден. Но секогаш правам некои модификации на рецетот, малку да смениме хехе

За оваа преубава и лесна чоколадна торта, најпрво ја подготвуваме основата.
500 гр бисквити ги мелеме, исто така мелеме 100 грама лешници.
Мешаме се заедно мелените бисквити, лешниците, маргаринот го додаваме и претходно изладениот шербет. Ги месиме заедно додека да добиеме хомогена смеса.
Во тестото ставаме и две три лажици какао. Јас користам секогаш посни бисквити бидејќи тие не нараснуваат, зависи какви ќе користите може да ви треба повеќе или помалку шербет.
На оган ја ставаме во тенџере слатката павлака и чоколадото и на тивок оган ја мешаме постепено, се до оној момент кога ќе почнат да се прават како меурчиња. Тогаш ја тргаме од оган и оставаме малку да се подизлади.
Овој пат слатката павлака ја делиме на два дела оти во едниот ставаме црно чоколадо, а во другиот бело чоколадо.
Претходно направената смеса ја ставаме во калап. Ако имате супер, ако не може и во малечко тепсииче. Јас користев тепсиче број 28.
Најпрво го ставаме црниот фил, оставаме малку да се стегне, па го додаваме после тоа белиот фил. После ова оставаме да се стегнат двата фила убаво за да може да се сечат убави коцки.
Јас практикувам цела ноќ да стои за да се стегне убаво, после тоа декорирате по желба. Овој пат декорацијата ми е со бело и црно чоколадо.