- Изматете ја павлаката и вратете во фрижидерот да стои додека се приготвува останатиот дел.
- Во засебни садчиња ставете ги насецканите чоколада, додадете во секој сад од по 50 гр. нугат крем - над пареа нека се стопат.
1. Во стопеното црно чоколадо измешајте 3 лажици какао, зачинот за медењаци и измешајте да се добие еднолична смеса.
2. Во стопеното млечно чоколадо додадете 2 лажици какао и чили во прав. Измешајте во еднолична смеса.
3. Во стопеното бело чоколадо додадете 1 лажица какао и ванила шеќерот и измешајте во еднолична смеса.
Желатинот  пригответе го според упатството на кесата. Ако е во листови тогаш само ставете во ладна вода,  а потоа се цеди и понатаму се продолжува исто како и желатинот во гранули. Оставете да набабри.
- Жолчките и јајцата заедно со шеќерот сматете ги пенесто над пареа. Исцедете го желатинот и измешајте во смесата. Симнете садот од пареата и матете додека смесата, а потоа поделете ја на три еднакви дела и додадете кај деловите од чоколадата.
- Изматената слатка павлака поделете ја на три еднакви дела, додадете во приготвените три чоколади делови и измешајте да се спојат во еднолична смеса.
Оформување
- Изберете модла или некој сад со зафатнина од 1, 5 до 2 л. Постелете со проѕирна фолија и почнете да ги ставате деловите така што најпрво во садот ставете ја смесата од белата чоколада. Нека одстои во фрижидер одредено време околу 30 мин. Извадете и ствете го вториот дел од нугатот и млечното чоколадо. Исто така ставате да одстои во фрижидер за да на крај го ставите третиот дел од се додека не оцените дека безбедно без да се измеша ќе го ставите вториот дел кој е од чоколадата за готвење. Сладоледна торта е веќе оформена и ставете ја повторно во фрижидер да одстои повеќе време или најдобро преку ноќ.
Извадете ја превртувајки ја да горниот дел биде одоздола, потоа декорирајте како вие сакате.
Од вака приготвената торта треба да добиете Сладоледно Омбре. Кај мене многу не се разликуваат боите токму поради белата чоколада. Белото чоколадо кое јас го користев не беше баш-баш добро и такво какво што треба да го даде саканиот резултат. Но, како и да е - вкусно е.
Ова чоколадно сладоледно омбре е по рецепт на Зринка која дополнително сакав да ја изненадам приготвувајки го, заради првенството и нејзините огнени дечки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани