1. Ја растопуваме чоколадата заедно со зејтинот и маргаринот,
  2. Додека е топла чоколадата се премачкуваат калапчињата по краевите така што се остава празен простор и се ставаат во фрижидер да се стегне чоколадата,(остатокот од чоколадата се држи на топло)
  3. Во меѓувреме се прави пралине од прав шекерот и вишновката,се промешуваат убаво
  4. Се вадат калапчињата од фрижидер се става малку од пралинето и по една вишна во секое,
  5. Се покрива одозгора со останатата топена чоколада и се ставаат пак во фрижидер
  6. За кратко време се замрзнуваат и се вадат од калапчињата(во случајот моите цветни силиконски)Чоколадираните, пијани вишни ...

Совет Можете да користите и друга форма калапи, секако може наместо вишни да се стави потпечен лешник,ореви,бадеми ...

Кој пробал знае

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови