Чили пралини
Едноставни,брзи,лесни и вкусни
Кога ја видов темата буквално скокав од радост бидејќи ова ми е еден од поомилените вкусови ...Порано имаше и чоколадо со чили и се викаше оган и буквално беше оган - одвнатре и те гори и те задоволува со својот вкус...бидејќи ми беше омилено ептен ми падна тешко кога го снема од продажба хехе....Од тогаш се нешто пробував и овие пралини ми беа најблиски на вкус до него иако не е то то
Најпрво растопете го чоколадото со маслото и премачкајте ги калапите два пати.
Потоа ставете ја слатката павлака на оган додека да започне да врие и тргнете ја. Истурете ја врз млечното чоколадо и промешајте да добиете малку потечен ганаш. Додадете ги румот и чилито, наполнете ги калапите ставете ги во замрзнувач додека да се стегне полнежот и повторно премачкајте ги за да убаво се затворат.
Најмногу одговара да се премачкани со црно чоколадо, но во случајов имав само бело при рака, но така пак поинтересно дојде до израз контрастот со внатрешноста...
Како млечно го користам чоколадото од истоимената фирма што го произведуваше за да си го доловам вкусот што повеќе
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови