Подготовка

1. Мелените колачиња измешајте ги со стопениот путер и натапкајте ги во калап за чизкејк (23цм). Печете во загреана рерна на 160 степени, 15 минути.
2. Крем сирењето изматете го со шеќерот и ванилите. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно. Додајте ја и киселата павлака и измешајте убаво.
3. Поделете го филот на два еднакви дела. Јагодите изблендирајте ги и додајте ги во едниот дел. Додајте го и екстрактот од јагоди. По желба може да додадете и боја, јас не ставив. Чоколадото стопете го и додајте го во другиот дел од филот. Измешајте добро.
4. Калапот, со печената основа, убаво обложете го со алуминиумска фолија. Ќе се пече во вода, па затоа треба да е убаво заштитен да не влезе од водата во калапот. Колку повеќе слоеви, толку подобро. Додајте го прво чоколадниот фил во калапот и израмнете. Потоа внимателно додајте го и филот со јагоди. Ставете го калапот во малку поголем сад за печење. Наполнете го поголемиот сад со врела вода. Калапот треба да биде 2-3 цм во вода. Печете во загреана рерна на 160 степени 80-90 минути. Кога ќе го помрднете калапот, тортата треба да се затресе во средината, а да не мрда од страните. Така ќе знаете дека е готов.
5. Оставете го чизкејкот да се олади на собна температура. Стопете го млечното чоколадо со слатката павлака и прелијте ги врз тортата. Оставете во фрижидер неколку часа или најдобро преку ноќ. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани