Интересен, а воедно и многу вкусен рецепт за приготвување на црни патлиџани.

1. Црните патлиџани ги лупиме и ги сечеме на кругови. (За да го отстраниме нивниот горчлив вкус ги посолуваме и ги оставаме да отстојат, по 20тина минути ги миеме.)

2. Во тава која е премачкана со масло ги редиме круговите од црни патлиџани и врз секој круг ставаме рендано сирење, сол, оригано и мала лажица доматно пире (мојот рецепт за доматно пире можете да го најдете на оваа страница во рецептите на Буубе).

3. Печеме во рерна загреана на 200 степени.

Црните патлиџани приготвени според овој рецепт имаат одличен вкус и се одлично мезе кое за брзо време се спрема.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови