Исплакнете ја леќата, ставете во тенџере со вода и покрите со капакот. Прво на средна топлина, се готви, а потоа намалете го интензитетот.Зовријте ја леќата околу 10 минути се додека во садот не остане речиси никаква вода. Отстранете го садот од топлина. Потоа се сече морковот на ситни кругчиња, лукот, кромидот, доматот и пиперките исто ситно се сецкаат. Во веќе зовриена вода се ставаат зеленчуците и се остава да вријат 10-12 минути. Потоа се додава леќата се готви уште три минути. Потоа црвената леќа добро да се измеша со зеленчукот и ручекот е готов.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови