Се мислев дали да напишам рецепт за ајвар... нема македонка што незнае да направи ајвар по било кој рецепт и секогаш успешен, нашиот ајвар е познат во светот, но сепак се одлучив да напишам за ајварот за кој не го мелам пиперот, туку го цепкам, не додавам ништо - ајвар само од пиперка.
ПРИПРЕМА
1. Се печи добро пиперот, се става во најлон кеса или во сад кој го поклопуваме и оставаме да одстојат малку како би се полесно лупеле.
2. Излупениот и од семките исчистен пипер се цепка.
3. Во шерпата во која ќе се вари на дното се става малку од зејтинот, се истура пиперот, а останатиот зејтин се загрева и се попарува пиперот. Се промешува и се остава да одстои околу 15 мин, по што се става на оган и се вари околу 1 час.
4. Пред самиот крај се додава оцетот и солта по ваш вкус, се меша и кратко се пропржува, се трга и се полнат теглите со топол ајвар, се затварат со капаците, се завиткуват во ќебе - да оладат.
Придружете ги овие тегли во друштвото на останатата спремана зимница!
Нека ви е слатко!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови