Царски урми полнети со марципан
Нека на први јануар бидат дел од Вашата свечана трпеза.
Прво на урмите внимателно им се вадат семките.
Сега марципанот се дели на парчиња, одприлика со форма на семката на урмата.
Секоја урма се полни со парче марципан.
Внимателно се затвора.
Во сад се соединуваат бадемот, бисквитите, сокот, ликерот, мармаладот. Убаво се меси со рака.
Се зема од оваа смеса, се расплескува на дланката, се става по една полнета урма и убаво се затвора.
Се формираат како ваљачиња.
Се оставаат да се просушат околу 30 минути.
Потоа се топи над пареа чоколадото со маслото.
Секоја царска урма се потопува во чоколадото.
Додека не е стегнато чоколадото се декорираат со шеќерни снегулки.
Нека се стегнат убаво, и по 2-3 часа се сечат на половина.
Лиценца: Сите права се задржани