1. Гризот, маслото, брашното и омекнатиот квасец ги мешаме, потоа се замесува тесто.
2. Тестото се дели на два дела. Во едниот дел се додава какаото. Се меси убаво.
3. Се расукува кафеното тесто и врз него се става белото тесто. Се сечат ленти, а секоја од лентите се засекува по малку, пе се завиткува како ролат. Се одвојуваат засечените делови од тестото и се прават розички.
4. Истата постапка се повторува со целото тесто и розите се редат во неподмачкано тавче, па се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 минути.
5. Се приготвува шербет од водата и шеќерот, па со подизладениот шербет се полеваат розичките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани