Фондан за украсување торти
1. Желатинот се става во 50 мл ладна вода, и се остава да стои 10 мин.
2. Фруктозата се потопува со 20 мл. вода и се става на оган да се стопи, но несмее да зоврие.
3. Потоа во растопената фруктоза се става желатинот, глицеринот и маргаринот. Се мешаат додека не се соедини смесата убаво.
4. Така добиената смеса се става во поголем сад во кој претходно е ставено половина од шеќерот во прав. И мешајќи со лажица се соединуваат. И целата смеса се става на работна маса и се меси со останатиот шеќер во прав, се додека не престане да се лепи.
900 гр. шеќер е доволно за оваа смеса.
Така добиената смеса се става во кеса и се увиткува убаво за да не прима воздух и се чува на собна температура. Најубаво за употреба е следниот ден.
Смесата може да се бои, но боите да се во течна состојба. Доколку имате бои во прав најубаво е да ги растворите во малку вода, колку само да се потопи бојата.
Доколку ви се рони утредента, ако несака да се меси најубаво е да се стопли 5-10 сек во микробранова печка.
Јас кога ја правев првпат смесава ми излезе супер, а до сега имам направено повеке од 15 пати.
* Фруктозата ја има во поголемите маркети.
* Глицеринот се купува од аптека.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
погледни ги нејзините други рецепти и ќе ти падне вилициа што се' знае да направи :)