Ова се најсовршените хамбургер лепињи кои до сега сум ги направила.
топло ви ги препорачувам.
Ние сакаме помалечки лепињи и направив 8.
Ако сакате малку поголеми, тестото поделете го на 6 топчиња-лепињи.

Прво во топлото млеко ги ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме солтта, јајцето, маслото, путерот.
Промешуваме со вилушка, ги додаваме активираниот квасец, па постепено додаваме брашно.
Месиме со рака, се додека не добиеме, мазно, нелепливо, понамеко замесено тесто.
Го покриваме тестото со прозирна фолија и го оставаме на топло, околу 30 минути, односно додека не се дуплира.
Потоа нежно со нож го сечиме на 8 делови.
Формираме топчиња, кои со дланка нежно ги подстегнуваме, односно формираме лепиња.
Ги редиме во тава обложена со хартија за печење.
Премачкуваме со изматено јајце и обилно посипуваме сусам.
Ги оставаме покриени на топло уште 20 минути.
Ги печиме во загреана рерна на 200-220 с околу 30 минути.
Сервираме....уживаме.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани