Увијачи со варени јајца
Еве предлог рецепт за еден убав ручек што кај мене беше неделен, кој освојува и по изглед и по вкус. Ни многу едноставен, ни многу комплициран, но сепак треба малку труд, посебно при виткањето на увијачите. Но вреди да се проба.
1. Најпрвин се варат јајцата, се ладат, се лупат.
2. Потоа се прави филот со сите наведени состојки и убаво се издначува мешајќи со лажица.
3. Додека филот ги прима зачините и состојките, пилешките гради се чукаат со кујнски чекан да бидат потенки, но да се внимава да не се искинат. Може да ги ставате во најлонска фолија или кеса, за да не прскаат при чукањето. Се посолуваат со сув зачин.
4. Секое парче пилешки гради се мачка од филот, се става 1 парче чадена сланина, се става вареното јајце и се витка сето внимателно. Се формираат увијачи и овој дел е најнезгоден, бидејќи се се лизга од сите страни. Се затвораат увијачите со чепкалки, а може и со кујнски конец (што мислам дека ви е попаметна опција).
5. Увијачите се запржуваат од сите страни да поруменат, се става виното и се динстаат десетина минути. Потоа увијачите се преместуваат во земјена тава со виното и се пече околу 50-60 минути на 200 степени, односно додека не се потпечат убаво.
6. Во меѓувреме се прави прилогот од зеленчук така што се запржуваат сите зеленчуци и сланината освен варениот компир. Се зачинува сето, се става малку вода, се динста додека да омекнат морковите и грашокот и на крај се ставаат варените компири и павлаката. Се меша сето добро уште некоја минута и се префрла во сад за сервирање.
7. На готовите подизладени увијачи им се вадат чепкалките, се сечат на половина и се редат во садот врз зеленчукот. Добивате 8 парчиња увијачи кои се највкусни кога се сервирани и консумирани додека се топли.
Добар тек!
Лиценца: Сите права се задржани