Баклавата е популарно кулинарско искушение на кое едноставно не можете да му одолеете и од кое секогаш ќе посакате уште едно залаче. Слатката турска пита е совршен партнер на секој филџан силно кафе и примамлив десерт на секоја богата трпеза.
Креирањето на совршената комбинација од крцкави тенки кори, сечкани јаткасти плодови и сладок шеќерен сируп е мал предизвик во кујната. Но, со вистинскиот рецепт секогаш ќе излегува идеална баклава која експресно ќе исчезнува од чиниите.
Подготовка 
1. Во еден сад ставтете 900 гр брашно,(100 гр оставуваат за преработка на тестото), пецивото, млекото брашно и промешајте состојките да се соединат. Потоа додајте го јајцето, жолтоците, зејтинот и млекото и замесете средно меко тесто.
2. На работна маса поситепе од 100 гр брашно и тестото делете го на 35 колачиња. Секое колаче со рака замесете го.
3. Земете еден плех и премачкајте го со зејтин. Секое колаче превртувајте го во плехот така што од двете страни да биде премачкано со зејтин (за да не земе кора). Колачињата оставте ги во плехот и покријте ги со кујнска крпа и оставте ги да отстојат 10 минути.
4. Кравјата маст ставете ја во едно тава на оган на средна температура и оставте ја да се растопи. Откако ќе се растопи зголемете ја температурата и мешајте постојано додека маста да преврие поточно да добие карамел боја. Додајте го зејтинот во тавата и тргнете ги од оган.
5. Мелените ореви промешајте ги со 2-те лажици шеќер и оставте ги на страна. Густинот ставте го во еден сад и промешајте го со пченканото брашно.
6. На работна маса посипете малку од густинот со пченканото брашно земете едно колаче ставте го над густинот, па над колачето поситете уште малку густин. Расучете кора од 55-60 см.
Забелешка-при расукување на кората може да биде потребно да посипете уште малку густин ако кората ви лепи при расукување.
7. Постапката повторете ја со преостанатите 34 колачиња. Плехот за баклава (55-60 см) премачкајте го со 3-4 лажици од маста. Потоа ставте една расучена кора, над расучената кора ставте уште една расучена кора. Над 2-те кори посипете една рака од филот. Над филот ставте една расучена кора, потоа исто една рака фил но тука плус накапете со лажица малку од маста. Постапката повторете ја исто со сите расучени кори само што не треба на секоја кора да ја накапувате со маст туку на секоја 3-та кора.Значи од почеток доаѓа вака:
2-расучени кори
1-рака фил
1-расучена кора
1-рака фил
накапете со маста
1-расучена кора
1-рака фил
1-расучена кора
1-рака фил
1-расучена кора
1-рака фил
накапете со маста
1-расучена кора
1-рака фил
1-расучена кора
1-рака фил
1-расучена кора
1-рака фил
накапете со маста
....се повторува до самиот крај кога веќе ќе дојдете до последните две кори. На последните две кори не се става од филот туку само пред последната кора накапете ја малку со маста, па ставте ја последната кора. Баклавата исечете ја по желба може и како што ја, но може и коцки или триаголници тоа е по ваша желба.
8. Откако ќе ја пресечете баклава накапете ја со преостанатите 250 мл маст подеднакво насекаде знаци секое пресечено калапче да е накапено по малку.
9. Така подготвената баклава ставте ја во рерна па приклучете ја рерната на 150С -45 минути.
Забелешка
Рерната се приклучува откако ќе ја ставете баклавата. Печете додека да добие златно кафеава боја знаци точно доаѓа 45 минути. Откако ќе добие златно кафеава боја извадете ја од рерната и ставете и алуминиумска фолија, па вратете ја во рерна уште 15 минути на 100С. По 15 минути извадете ја од рерна и оставте ја малку да олади.
Забелешка
Рерната се приклучува откако ќе ја ставете баклавата.
10. Во меѓу време во тенџере на оган ставте 1 кг + 750 гр шеќер (250 гр тргаме на страна за подготовка на вториот шербет) и водата да почнат да вријат. Откако ќе почнат да вријат оставте го точно 7 минути да врие. Потоа млакта баклава попарете ја со врелиот шербет подеднакво насекаде. Откако ќе ја попарете поклопете ја со соодветен плех што одговара на плехот од баклавата и оставте да отстои 15 минути.
11. По 15 минути извадете 3-4 калапчиња од крајот на баклавата и процедете и го шербетот во едно тенџере колку што можете повеќе знаци додека баклавата може да го испушти шербетот, но внимавајте бидејќи баклавата лесно излегува од плехот.
12. Во тенџерето со шербетот додајте го преостанатиот шеќер (250 гр) и сокот од половина лимон.Тенџерето ставте го на оган и оставте да врие точно 2 минути ништо повеќе па попарете ја баклавата повторно со врелиот шербет. Откако ќе ја попарете оставте ја да се олади па сервирајте. Добар апетит.

Забелешки 
1. Кога и да ја подготвуваме оваа баклава дали за празниците или за некој друг настан секогаш ја правиме по 3 лица. 2 ги расукуваат корите, а 1 ја филува бидејќи кори се многу тенки па можат лесно да се залепат една со друга.
2.Оваа баклава може да ја подгответе само со зејтин или само со маст или пак пола зејтин пола маст. Ние скоро секогаш ја подготвуваме 50-50 значи 250 мл превриена кравја маст 250 мл зејтин. Исто така имам заприметено дека кога ја накапуваме баклавата внатре оди 250 мл, значи заедно и маста и зејтинот промешани, а 250 ми останува за крајот кога последно се накапува веќе целата баклава.
3. Од филот се нанесува на секоја кора само што на почетокот се ставаат 2 кори, па потоа почнуваш со филот и исто на крајот на последните 2 кори не се става од филот. Со маста се накапува на секоја 3-та кора.
4.Откако шербетот ќе почне да врие првата реда треба да врие точно 7 минути ниту помалу ниту повеќе а втората реда само 2 миунти исто ниту повеќе ниту помалку ќе заприметите дека втората реда ќе кога ќе завари ќе крене пена шербетот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани