Брзо, вкусно, едноставно...

Во нутрибулет ја ставаме процедената туна од маснотијата, додаваме капари, сок од лимон, бибер, маслиново масло, биено сирење,варено јајце.
Соединуваме.
По потреба ставаме јогурт, односно се додека смесата скоро не се измазни и не биде со густина која ја посакуваме.
Тука може да се додаде и сецкан млад кромид, чили пиперче, кисели краставички......
Ја оставме 15 минути во фрижидер, да се спојат вкусовите.
Лепчињата ги запекуваме, па премачкуваме со подготвениот туна намаз.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани