Трио пита
Трите видови брашно се мешаат заедно со квасецот и лененото семе. Со млаката вода се замесува тесто кое се остава да стаса.
Во подмачкана округла тава се става 2/3 од тестото. Со раце се расплескува и се прави витка наоколу.
Се премачкува кората со маргарин, па се реди.
Прво се ренда пилешкото чадено филе, над него се распоредува свинската пафта или врат (да е помрсно) и на крај се реди чајната исечена на тркалца.
Во преостанатото тесто 1/3 се додава 100гр сирење и се меси.
Одкако ќе се измеси со раце се растенчува и се покрива питата.
На неколку места се оставаат празнини. На крај се премачкува со разматени јајца и павлака, се поросува со семињата и се става на печење.
Се пече околу 25 минути на 180 степени и се вади од рерна. Се премачкува со маргарин и се враќа во исклучена рерна уште 10 минути
Трио пита затоа што е со 3 вида на брашно и 3 вида на сувомеснато. Се разбира сувомеснатото може да се менува по вкус. Во рецептот стои да биде помрсно од врат или пафта затоа што пченкарното брашно дава посува структура на тестото.
Лиценца: Сите права се задржани