Пилешкото се сечи на тенки ленти. Се посолува, се става мешан сув зачин и кари зачин. Се промешува сето(најдобро со рака). Се става да се пржи на загреано тавче со масло. Се пржи неколку минути на најака температура, потоа се смалува ринглата за два степени и се пржи додека да порумени месото. Откако ќе се испржи месото, се става на кујнска хартија за да се впие мрсното.

Тортиљата се става 20 секунди во микробранова и потоа 3-4 минути во загреана рерна да се потпечи. Се сецка доматот, краставицата, пиперката и зелената салата. Се вади тортиљата од рерна и во неа се става пилешкото, зеленчукот, се посолува и се додава јогуртот. Се витка како корнет и се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани