Пандишпан
Матете ги јајцата со шеќерот додека добиете убав крем, додадете ги другите состојки и убаво измешајте ги со лажица.Ставете ја сместа во плех (мојот беше четвртасти бр.36) обложен со хартија за печење. Ставете да се пече во загреана рерна на 250 степени по 10 мин. намалете на 200 степени печете додека добие убава светло темна кафена боја(околу 30 мин. ама најдобро проверете со чепкалка). Пандишпанот оставете го да се излади и исечете го со макара или нож на три кори.

Фил 1
Одвојте 250 мл млеко и во него ставете го густинот и шќерот убаво мешајте да нема грутчиња, полека сипете во загреаното млеко и убаво мешајте додека згусне. Тргнете го од оган и ставете го маргаринот на коцки и убаво мешајте додека се стопи.
Пудингот покријте го со најлонска фолија за да не фати кора и оставете го да се излади. Пред филување изматете го со миксер за да се добие убав крем со кој ќе можете да го мачкате на кората.

Фил 2
  Слатката павлака изматете ја со миксер додадете ги мелените избрани состојки и убаво измешајте (јас не ставив и пак убава си беше)може да ставите и екстрат или арома по желба.

Редослед на редење
кора,фил1,кора,1/2 фил2,банани на половинки,1/2 фил2,кора,шлаг пена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови