11
апр
2012
Торта со банани
Ги подготвуваме двата пудизни според упатството. Откако ќе ги свариме ги оставаме да се изладат. Во друг сад го матиме маргаринот со шеќерот и жолчките. Кога ќе се добие убава смеса се додаваат пудинзите и се мати уште малку. Бананите ги сечкаме на кругови.
Во плех или правоаголен послужавник ги редиме бисквитите и редиме ред бисквити ред банани па потоа ставаме од филот па пак истата постапка додека не потрошиме се. Најгоре ставаме шлаг.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови