Нам омилено...))))

Најнапред се става месото да се вари. Во водата се додава сол, ловоров лист, ако е телешко и коцка за телешки бујон.

Киселецот и штавето се чистат, мијат, се обваруваат.
Потоа на масло малку се пропржува. Се додава сол.
Потоа се додава исчистениот и измиениот ориз. Се продолжува уште малку со пржење. Не се пржи многу.
Се додава пиперот. Се промешува и се трга од оган.
Се налева со 1 шоља ладна вода и 2 од месото. Ако ни е ладна водата од месото, ако е сварено порано, се додава цела вода од месото, 3те шољи.
Се враќа над оган, се меша се додека зоврие.
Се зачинува по вкус со мелен црн пипер и мешан сув зеленчук.
Може да го додадете месото и се’ заедно во рерна на потпекување на 200 степени додека оризот не’ омекни, во претходно загреана рерна.Јас месото на страна го потпекувам, го сакаме покрцкаво и кога е потпечен киселецот го редам месото.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани