За почеток дозата е преголема!
Но кај нас дома така се приготвуваат колачиња што може да стојат подолго време.
Количината на шеќер личи многу, но не е. За пилиштарциве ги правам колачињата со 300 грама шеќер и бледи, малку безвкусни, за разлика од оргиналот. Важно пилиштарци си гнеткаат.
Кокосот го ставив директ од кесичка, но подоцна сфатив дека требаше да го измелам во бендер малку. На фотографиите ќе забележите дека штрчи од колачињата. Вкусот не е променет, само естетиката. Доколку не ви пречи, оставете го цел.
Брашното може да го поделите половина бело, половина интегрално.
Дозата можете да ја преполовите доколку ви личи преголема.
Јас во вакви суви колачиња многу го сакам вкусот на потпечен сусам, следниот пат дозата ќе биде збогатена со сусам. 

Подготовката е лесна. Ставете ги сите суви состојки во голем сад, измешајте ги убаво и потоа додадете ги течните состојки. Водата додавајте ја постепено бидејки од брашното зависи колку ќе впие.
Рассукајте го тестото на работната површина и вадете форми со калапчеили сечете коцки.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени 15ина мин, да заруменат. Ние дома ги сакаме попечени, покрцкави се така.
Нека се оладат убаво, потоа може да ги спакувате и да стојат 2-3 недели без проблем на суво место.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани