Ова е еден од омилените ручеци дома, а посебно го сакаат децата. Подготовката и состојките ми е прилагодена по мој терк.

1. Пилешкиот стек се става да се вари, се истура првата вода, пак се тура вода и малку сол и се вари 20-тина минути. Се вади од водата која се чува за подоцна, се става во тавата (јас користам земјена), се сечка на коцки и се трга настрана.

2. Кромидот се сечка, морковите се чистат и се сечат на кругови или поголеми парчиња и заедно се пржат со малку вода и масло додека да испари водата.
Се ставаат печурките, се пржи уште малку па се додава малку црн пипер и мешаниот сув зачин. По неколу минути пржење се додава брашното, се испржува да не изгори и постепено по малку се додава од водата во која се вареше стекот, мешајќи додека да се добие изедначена каша.

3. Компирите се лупат, мијат, се сечат на коцки и тие се ставаат во тавата.

4. Во тавата се истура претходно добиената каша, се става 1 лажица мешан сув зачин, се дотура млака вода колку да се покрие зајрето и сето убаво се измешува. Тавата се става во рерна, се вклучува на најсилно и штом рерната ќе се загрее, се намалува на 200 степени.

5. Така се крчка околу 45 минути, потоа тавата внимателно се вади од рерната, се става киселото млеко, се меша за убаво да се изедначи киселото млеко, се враќа во рерната и се остава да се допече уште толку време од прилика, односно одокативно да се потпече.

Забелешка
Зависно од тоа колку вода ќе ставите предходно пред да го ставите киселото млеко, ќе зависи дали тавата ќе биде посува или потечна со сос, тоа ќе си го подесите по вкус. Бидејќи во мешаниот сув зачин има сол, јас не додавам, секој си додава сол по вкус одпосле.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани