Многу кревка, миризлива, есенска пита е ова.
Тањирот каде е сервирана е подарок од Зорица, во знак на едно ново пријателство.
Ти благодарам Зоко.

Прво го подготвуваме филот од јаболка, за да имаме време истиот да се излади.
Во сад ги ставаме маслото и путерот.
Ги додаваме ренданите јаболка и на оган пржиме, со постојано мешање.
Додаваме цимет, кардамом, морско оревче, кафен шеќер.
Пржиме се додека не испари течноста (тоа е во зависност од сочноста на јаболката)
Тргаме од оган и додаваме гриз и мед.
Убаво соединуваме и оставаме на страна.Пред да го нанесете филот го додаваме снегот од белки изматено со лажица шеќер.
Сега го подготвуваме тестото.
Во сад ги ставаме шеќерот, ванилата, путерот, киселата павалка, зрната сол, жолчките и кратко ги соединуваме со миксер.
Постепено го додаваме брашното и пецивото.
По потреба додаваме млеко, односно треба да добиеме мазно и нелепливо тесто.
Го делиме на два дела.
Едниот дел на кратко го ставаме во замрзнувач.
Од другото тесто сучиме правоаголна кора, која ја поставуваме врз хартија за печење во мала ростер тава.
Може да се користи и округла тава бр 24 или 26.
На неколку места ја боцкаме со вилушка.
Го нанесуваме филот од јаболка.
Израмнуваме.
Врз филот го рендаме на крупната страна на рендето, остатокот од тесто.
Ставаме во загреана рерна на 200 степени и печиме околу 35 минути.
Оставаме да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме есенска убавина.

Совет- наместо да се ренда тестото, може да се исучи правоаголна кора и да се постави врз филот и да се избоцка со вилушка на неколку места, па така да се печи.
Мене вака како што ја подготвив ми е полична.
Секако изборот е ваш

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани