Од сите наведени состојки се замесува средно меко тесто.
Убаво се изработува и се дели на 3 дела.
Од секој дел се отвора тенка правоаголна кора.
По должина, визуелно се дели на две половинки.
Едната половина се премачкува со разматено јајце и се наросува со сусам.
Другата половина со блага водичка и се наросува со афион.
Се сечат ленти со ширина од 1 цм.
Се превиткуваат на средина и се виткаат спирално.Мачканите страни се надворешно.
Се редат во намрсен плех и се печат во загреана рерна на 200 степени додека убаво поруменат.
На здравје!
*Водичката нека биде поблага, покоцентрирана, поубав шмек им дава на стапчињата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани