Наидов на рецептов на нет сосем случајно и од тогаш навака дома ни се омилени, а богами и на сите гости. Лесни се за правење, а уште полесни за јадење.
Квасецот го раствораме во млакото млеко, па заедно со брашното, зејтинот, солта и шеќерот замесуваме тесто. треба да биде средно меко. Го оставаме да стаса.
Откако ќе стаса го размесуваме и го делиме на 24 топчиња, кои ги покриваме со крпа и ги оставаме да стасаат повторно.
Секое топче го расукуваме во долг јазик и од подолгата страна го виткаме како кифла, за да биде долго и тенко.
Вака спремни ги редиме во тавата за печење (јас ги пречам во тавата од шпоретот) по 12 во една тава.
Скоро секогаш во рецептот знам да изменам нешто, во овој изменив само тоа што, откако ги наредив во тавата и малку потстасаа, ги премачкав со зејтин. Мала финта, за да останат меки внатре, а малку крцкави од надвор.
Се печат додека заруменат.
Е сега, дури се печат, се подготвува солениот прелив, со тоа што, 3 лажици брашно, 1 лажица сол и 75 мл вода се мешаат убаво со маталка, да нема грутки. Оваа смеса се става во кеса за замрзнување и кесата се дупнува со цепкалка за заби. Кога се при крај со печење стапчињата ги вадиме од рерна, па со преливот во кесата ги поливаме одозгора, правејќи линии. Повторно ја враќаме тавата во рерна уште 3-4 мин.
Кога се печени не се покриваат со крпа.
Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови