Едноставно преубав рецепт за обожавателите на тиквици.

Подготовка:

1. Измијте ја добро тиквицата или оставете ја малку во сода или оцет. Исплакнете и исецкајте на лентички. Додајте брашно и зачини па промешајте добро. Ставете и пармезан, а по желба и масло.
Убаво извалкајте се и ставете во апаратот на топол воздух.

2. Печете 12 минути на 180 степени во апаратот на топол воздух Имате преубав додаток за ручек или мезенце. Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови