1. Вклучете ја рерната на 160С.
2. Се печи во правоаголна тепсија 25х30 која е обложена со хартија за печење.
3. Јајцата се миксираат со шеќерот до хомогена смеса.
4. Во таа смеса се додава маргаринот и чоколадото кои се стопени на пареа,но малку оладени.
5. Потоа се додаваат брашното, пецивото и бадемите кои претходно и тие се измешани. Се ставаат полека и се меша со шпатула.
6. Се става во плех со хартија и се печи околу 45-50мин
7. Кога ќе се олади се прелива со глазура.
П.С.
Јас колачот го обоив со златна боја со четче и го посипав со шеќерни гранули.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани