Солен кекс Натура со чиа семе
1. Во вангличка се ставаат наведените состојки за квас,
се меша сето со жица за матење, се остава да надојде
квасот. Чиата ја ставаме во квасот за да набабри додека
стасува квасот.
2. Потоа ги додаваме првин ленот и сончогледот и
мешаме со дрвена лажица.
3. Продолжуваме со додавање на останатите состојки
и тоа првин течните, мешаме со лажицата, а потоа
останатите продукти (освен микс коктелот).
4. Ориганото и солта се ставаат во количина по вкус.
5. Се остава тестото да стаса повторно, повремено се меша со дрвената лажица.
6. Кога при мешањето тестото ќе изгледа како да има конци, се претура во правоаголно
тавче со хартија за печење (во Делимано ростер тавата не е потребна хартија), одозгора
се распоредува од микс коктелот, се вклучува рерната да се загрее на 200 степени.
7. Штом се загрее рерната, кексот се става да се пече околу 20 минути, а може и уште
7-8 минути на 180 степени. Изладен, кексот се сечи во форми по желба.
за квас
Забелешка
* Доколку не сакате не мора да ставате пченкарно брашно, заменете го со пченично.
* По желба во тестото може да се стават сечкани маслинки, кисели крставички, дробено
сирење и др.