Во вангла ставете го брашно, направете вдлабнатина на средина и тука додадете го сувиот квасец и млако млеко. Измешајте ги само состојките во средина, прекријте со крпа и оставете да отстои 10 минути.
Потоа додајте путерот, остатокот од млеко, едно од јајцата,сирењето па почнете со месење. Посолете и додајте уште брашно ако е потребно.
Оставете кратко да надојде па развлечете правоаголна кора.Оставете на маса да надојде 15 минути, развлечете со сукало не така тенко па сечете погачици.
Редете во обложена тепсија па вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Премачкајте ги погачиците со разматено јајце, по желба посипете со семки.
Погачиците печете ги во загреана рерна околу 20 минути.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани